Се уште се нема зборувано за некои капитални проекти за Градот, освен на 10 март кога имаше советнички прашања каде што не се даваат целосни одговори, самат атмосфера наликува на Собранието и за жал делува демотивирачки, вели др.Никола Пановски кој е советник во Град Скопје од колацијата, ЛДП и ДОМ во врска со седниците на Советот на Град Скопје.
Тој објаснува дека поголем дел од советниците не размислуваат за градот туку за партијата и како што тој објаснува откако се снимаат седниците тие гледаат што повеќе да го омаловажат противникот.
-Не знам какви се односите на градоначалничката со ВМРО, меѓутоа со останатите нас се никакви и на советничките прашања се има јавено двапати што е поекстремно и од ВМРО. Има една мачна атмосфера од бифтекот што го јаделе од предходната власт на нас ни преседна, расправата се сведува на „вие јадевте бифтеци ние работиме“ и на мене како највозрасен ми е срам што седам таму, кажа Пановски во „Студио 10“.