ВМРО-ДПМНЕ да побара од Ѓорѓиевски 100.000 евра наместо за партиски кадри да ги насочи кон граѓаните, велат од СДСМ

од Берта Китинска
136 прегледи

Додека од Белата плата глумат загриженост за граѓаните, шират лаги и невистини, нивните градоначалници ги расфрлаат народните пари на непродуктивни трошоци и партиација на општините, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски од една страна се жали дека нема пари за струја и парно, а од друга потрошил 100.000 евра на авторски договори за ангажирање на партиски војници на ВМРО-ДПМНЕ, роднини, пријатели и медиумски мегафони на партијата.

-Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за граѓаните треба да побара од Ѓорѓиевски наместо на партиски кадри да ги насочи овие 100.000 евра за граѓаните.Светската економска и енергетска криза бара одговорност од сите, не само од Владата, која со пакетот од 26 антикризни мерки, во вредност од 400 милиони евра го заштитува стандардот на граѓаните и ликвидноста на економијата, велат од СДСМ.