Додека Мицкоски на јавни настапи глуми загриженост за економскиот стандард на граѓаните, во реалноста градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, во време на криза, ги крчмат општинските буџети на партиски вработувања и непродуктивни трошоци, велат од СДСМ како реакција на вечерашното интервју на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „Само вистина“.
Според владеачката партија, „да не беше лицемер, Мицкоски ќе им кажеше на своите градоначалници, парите кои ги намениле за партиски вработувања и расипнички набавки од стотици илјади евра, да ги пренаменат за потребите на граѓаните“.
-Може да почне со Орце Ѓорѓиевски и да ги пренамени стоте илјади евра за авторски договори, Данела Арсовска да пренамени 670.000 исто наменети за партиски вработувања, Тимчо Муцунски 38.000 евра од набавката за компјутери, а ако веќе веќе не се изедени чоколадите, Александар Стојковски да ги врати оние 6.000 евра во општинскиот буџет, стои во партиското соопштение.