Анчелоти: Не можеме да прокоцкаме +10? Загубив финале на ЛШ по водство од 3:0…

од Vladimir Zorba

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти не смета дека неговиот тим ја обезбедил титулата во Шпанија иако има десет бода предност пред второпласираната Севиља.

По серијата од четири последователни победи, Кралскиот клуб дојде многу блиску до титулата. Сепак, искусниот Италијанец не сака ништо да препушти на случајноста. Посебно не во пресрет на „Ел Класико“ кое е закажано за 20 март.

„Ништо не се менува. Имаме убава предност и тоа е добро, но мораме да продолжиме така. Целта е да се победи Барселона и потоа по репрезентативната пауза да се продолжи во ист ритам“, јасен е Анчелоти.

Новинарите изјавија дека е речиси невозможно Реал Мадрид да ја испушти предноста од десет бода во однос на конкуренцијата.

„Невозможно е да се прокоцка таа предност? Па, јас го загубив финалето на Лигата на шампионите откако поведов со 3-0 (против Ливерпул со Милан во 2005 година – н.з.). Се надевам дека нема да се повтори“, заклучи тренерот на Реал.

Слични содржини