СДСМ: Мицкоски молчи за договорите на Ѓорѓиевски и 100.000 евра за партиски вработувања

од Берта Китинска
225 прегледи

Христијан Мицкоски молчи за скандалозните договори на градоначалникот на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски кој го крчми буџетот на општината на блиски луѓе, партиски соработници и на медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ.

-Во време на криза, кога општината се жали дека нема пари да плаќа струја и парното, Ѓорѓиевски ќе потроши 100.000 евра за вдомување на свои блиски луѓе.Да не беше лицемер, Мицкоски ќе му кажеше на својот градоначалник парите кои ги наменил за партиски вработувања и непродуктивни трошоци да ги пренамени за потребите на граѓаните, посочуваат од партијата.

Оттаму додаваат дека Мицкоски не може да се помири со тоа што мерките на Владата кои се вредни 400 милиони евра даваат резултати, додека пак како што велат тие градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои се жалат на празни општински буџети се фрлени на расипништво и вдомување партиски кадри.