„Не сакал да стави маска“: Купувач истепал касиер во скопски маркет

од Берта Китинска
366 прегледи

На 15.03.2022 во 22.00 часот В.П.(22) од Скопје пријавил дека околу 16.50 часот додека ги извршувал своите работни активости како касиер во маркет на подрачјето на Центар влегол маж на возраст од околу 30 години без заштитна маска да пазари и од страна на неговата колешка му било укажано да стави заштитна маска поради запазување на здравствените протоколи, информираат од МВР.

Тогаш лицето станало агресивно и физички ги нападнало.