Приоритет на институциите предводени од СДСМ во време на глобална економска и енергетска криза е заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството, велат од СДСМ.
Тие информираат дека антикризниот пакет составен од 26 мерки вредни 400 милиони евра веќе дава резултати.
-Од денеска целосно се укинува ДДВ на основната храна. Ова значи дека сите маркети кои продаваат леб, брашно тип-400, млеко со масленост од 2%, од 3,2 и 3,5% масленост, бел шеќер, сончогледово масло, месо и други кланични производи за јадење, бел ориз и јајца од денеска издаваат фискални сметки за овие производи со ДДВ од 0%.Цените на основните производи остануваат стабилни, велат од СДСМ.