Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 2.290 тестови, а регистрирани се 324 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 207, Битола – 19, Прилеп – 17, Охрид – 13, Куманово – 11, Кавадарци – 9, Тетово и Велес – по 6, Неготино – 5, Кичево и Гевгелија – по 4, Гостивар, Струмица, Кочани, Виница и Кратово – по 3, Струга и Крива Паланка – по 2, Ресен, Радовиш, Валандово и Пехчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (324), регистрирани се 49 реинфекциии.
Регистрирани сe 287 оздравени пациенти од: Скопје – 175, Битола – 24, Велес – 18, Прилеп – 16, Кавадарци – 9, Куманово – 8, Гостивар – 6, Охрид, Струмица и Кочани – по 4, Тетово и Неготино – по 3, Кичево, Гевгелија, Виница, Струга и Ресен – по 2, Кратово, Крива Паланка и Штип – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистриран е едно починато лице: од Велес (70г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени две починати лица од: Кичево (75г) и Ресен (83г). Починатите се пријавени во период од 04.03. и 05.03.2022 година. Пријавените лица, се починати во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.930.788 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 302.548, бројот на оздравени пациенти е 291.431, на починати е 9.162, а бројот на активни случаи изнесува 1.955.