СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е збунета од успешноста на антикризните мерки

од Nikola Popovski
172 прегледи

Владеачката СДСМ смета дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски очигледно се збунети од ефикасноста на антикризните мерки на Владата.

-Цените на горивата во регионот и постојаниот раст додека единствено во Северна Македонија тие се намалуваат ги демантираат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ кога цените на горивата беа со нагорен тренд, ја обвинуваа Владата за покачувањето, а денес кога тие се намалуваат велат дека тоа било поради цените на светските берзи, велат од партијата.

Од таму додаваат дека шокантно е колку ВМРО-ДПМНЕ е збунета од ефикасноста и успешноста на антикризните мерки кои доведоа до намалување на цените на горивата, но и на основните прехранбени продукти.