„Истото ВМРО-ДПМНЕ, што го газеше трудот на земјоделците, не ги исплаќаше редовно субвенциите и ги користеше за уцена, сега продолжува да манипулира и да покажува лажна загриженост за земјоделците“, реагираат од СДСМ на пресот на Трипуновски.
„ВМРО-ДПМНЕ со своите погубни политики остави 350 милиони евра неисплатени субвенции кои ги исплати Владата предводена од СДСМ.
Додека ВМРО-ДПМНЕ критикува и прави опструкции, СДСМ работи во интерес на земјоделците.
Во изминатите години средствата за финансиска помош за земјоделците редовно се зголемуваат, а исплатата на субвенциите е неселективна, редовна и навремена, а сега во време на криза се зајакнува.
Владата предводена од СДСМ воспоставува Интервентен фонд ос 250 милиони денари нова финансиска помош за земјоделците, кои се соочуваат со со потешкотии во производството.
СДСМ во изминативе години покажа на дело што значи вистинска грижа за земјоделците, а ВМРО-ДПМНЕ останува синоним за лицемерен и потценувачки однос кон земјоделците.
Земјоделците ја чувствуваат разликата и затоа не им веруваат на лагите од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во реакцијата.
Претходно од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека Министерството за внатрешни работи врши притисок врз земјоделците.
„Ова е барање за поведување на прекршочна постапка против 9 лица од Кочанско, сите членови на Иницијативниот одбор на оризарите, кои протестираа со блокади на патот Кочани – Штип, заради отсуството на откуп и нормални откупни цени на оризот. Власта ја злоупотребува полицијата и сака да ги заплаши оризарите да не излегуваат и да не го користат нивното со Устав загарантирано право на протест“, посочи тој.