Христијан Мицкоски се откажа од долго најавуваните протести уште од почетокот на годината, со што призна дека нема поддршка за граѓаните, велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека катастрофалната работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ е една од причините и дека тие се најголемото разочарување, беијќи како што велат се најслаби градоначалници во историјата.
-Немаат ниту еден реализиран проект а парите на граѓаните расипнички ги трошат само за луксузирање и партиски вработувања.Мицкоски не собра храброст да ги повика градоначалниците од неговата партија да се фатат за работа и да престанат да аздисуваат со парите на граѓаните среде криза.Дополнително, по признанијата и пресудите во предметот Титаник, со коишто беше потврден целиот криминал на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски пропушти шанса да им се извини на граѓаните, да се огради и да поднесе оставка.Очигледно Мицкоски ниту самиот не знае кај тера, посочуваат од СДСМ.