СДСМ: На чекор до исполнување на едно од најважните ветувања – просечна плата од 30.000 денари!

од Берта Китинска
146 прегледи

Благодарение на успешните економски мерки што ги презеде Владата и во услови на глобална криза платите континуирано растат. Пензионерите годинава добиваат рекордно покачување на пензиите според Швајцарскиот модел, а минималната плата е дуплирана и сега изнесува 18.000 денари,велат од СДСМ.

Оттаму информираат дека според последните податоци од државниот завод за статистика, просечната плата во јануари годинава изнесува 29.980 денари и е за 6 отсто повисока во однос на јануари 2021 година.

-Покрај платите и пензиите, обезбедуваме и финансиска поддршка за ранливите категории на граѓани во услови на криза.Над 400 милиони евра се обезбедени за мерки кои се во насока на заштита на стандардот на граѓаните и полесно справување со предизвиците кои ги носи глобалната криза, велат од владејачката партија.