Роберто Манчини, италијанскиот селектор, повикува на внимателност во пресрет на првиот натпревар од баражот за Светското првенство во Катар, во кој неговата селекција ќе ги одмери силите со Македонија.
Натпреварот е закажан за 20:45 часот на стадионот „Енцо Барбера“ во Палермо.
„Немавме многу време да се подготвиме за овој натпревар. Македонија е одлична репрезентација со искусни играчи. На крајот на краиштата, тие ја победија Германија во квалификациите. Во баражот нема фаворити. Секоја репрезентација сака да оди во Катар“, изјави Манчини.
На прашањето кој ќе го шутира пенал, доколку е досуден, Манчини имаше подготвен одговор.
„Жоргињо“.
Бразилецот со италијански пасош промаши пенал на двата меча против Швајцарија и на тој начин го остави европскиот шампион без директен пласман во Катар.
Фото: Profimedia