Најмногу до шест месеци странските возила може да престојуваат во државата, вели Спасовски

од Берта Китинска
671 прегледи

Најмногу до шест месеци можат странските возила да престојуваат на територијата на Република Северна Македонија и во тој временски период не плаќаат никакви давачки на државата, освен патарина заради тоа што се движат, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појаснувајќи ја законската регулатива за временскиот период во кој може да се управуваат моторни возила со странски регистарски ознаки на територијата на нашата држава.

Спасовски нагласи дека нема промени во делот на граничното управување, има посебни законски членови за царинско работење, а МВР соработува со Царинската управа.

– Апсолутно никој нема ништо против никого во државата, меѓутоа сакаме тоа што е Закон, така како што се почитуваат во другите држави, да се почитува и овде, изјави министерот Спасовски по денешната посета на СВР Струмица и средбата со градоначалникот Костадин Костадинов.