Османи: ЕК ќе набавува гас за Македонија, колку што ќе имаме потреба

од Nikola Popovski
180 прегледи

Европскиот совет донесе одлука за колективна набавка на гас и други извори на енергија во име на земјите-членки. Важно е што земјите од Западен Балкан за првпат се вклучени рамноправно во овој механизам за набавка на гас и нафта, информира министерот за надворешни работи, Бујар Османи на прес-конференција.

Како што информира Османи, колку што имаме потреба, Еевропската комисија ќе набавува во наше име.

-Со ова ќе се намали и зависноста од гас. Сега ЕУ се поставува како што треба и сме рамноправно вклучени. Тука добиваме на цена и дава одредена сигурност. ЕК ќе набави колку што ние имаме потреба, рече Османи.

Слични содржини