Трајковски, Барди и Милевски ќе добијат дипломатски пасоши од МНР

од Nikola Popovski
486 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на редовниот неделен брифинг со новинарите, информира дека двајца фудбалски репрезентативци и селекторот Боби Милевски ќе добијат дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и големата историска победа против актуелниот европски шампион Италија.

-Тие во 11 часот ќе бидат сликани и ќе им бидат дадени дипломатски пасоши поради постигнатиот успех и голот против Италија. Станува збор за Александар Трајковски и Енес Барди, како и селекторот Боби Милевски. Тие нашите најдобри амбасадори во моментов и го заслужуваат пасошот, како одделен доказ за нивните успеси. Им посакувам успех и во Португалија. Пасошот ќе го добијат во 12:30 часот, истакна Османи.

Слични содржини