511
Им благодарам на сите за дипломатските пасоши. Убави сцени се и убаво се чувствуваме. Очекуваме понатаму да биде исто и за останатите репрезентативци, рече членот на македонската фудбалска репрезентација и играч на шпански Леванте, Енес Барди после добивањето на дипломатскиот пасош во МНР.
Тој, како во Италија, очекува победа и во Португалија.
-Сега се подготвуваме и имаме 3 дена да анализираме. Ќе биде многу тешко, тие се топ репрезентација, но и ние имаме квалитети. Ќе видиме како ќе излеземе на терен. Вторник ќе биде голем ден за нас, треба да уживаме и да бидеме горди што сме дошле до овде, но сепак уште не е крај, вели Барди.