СДСМ: Сигурноста која ја обезбедивме со НАТО нема цена

од Nikola Popovski
170 прегледи

Денеска одбележуваме две години од членството во НАТО. Со членството во НАТО остваривме една од двете стратешки цели поставени уште од денот на независноста, соопштија утрово од СДСМ.

Според партијата, воената агресија врз Украина и загрозување на нејзиниот суверенитет, ни покажа колку лесно безбедноста и сигурноста можат да бидат загрозени.

-Во овие трагични моменти јасно гледаме дека мирот и спокојот на граѓаните, сигурноста која ја обезбедивме со НАТО нема цена. Нашите граѓани се сигурни и можат да бидат спокојни, како членка на НАТО ја уживаме заштитата на најмоќниот одбранбен сојуз на светот, потенцираат од владеачката партија.