СДСМ: Мицкоски ниту пред две години, ниту денес не честиташе за членството во НАТО

од Nikola Popovski
201 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ не може да го оправда молкот на Христијан Мицкоски за успехот на државата, за исполнување на стратешката цел, членството во НАТО, велат од СДСМ.

Владеачката партија посочи дека Мицкоски пред две години не смогна сили да честита за полноправното членство на државата во НАТО, а не се огласи ниту денеска.

-Тој не може да се израдува на успесите на државата, на успесите на граѓаните. Ништо не е променето во ВМРО – ДПМНЕ, обвинуваат од партијата од „Бихаќка“.