Казни за пребрзи возачи: Се движел со 209 км на час!

од Nikola Popovski
489 прегледи

Полицијата продолжува со зајакнатата акциска контрола на патиштата низ државата. Денес на автопатот Куманово – Скопје – Велес санкционирани се 114 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

Според објавите на МВР, 26 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Меѓу нив се и двајца, кои буквално „летале“ на автопатот со 209, односно 195 километри на час.