СДСМ: Две години во НАТО, две години молк на Мицкоски за овој успех

од Берта Китинска
191 прегледи

Државата веќе две години е полноправна членка на НАТО, безбедна, сигурна и силна, а исто толку време Христијан Мицкоски молчи за овој успех, молчи за остварувањето на една од националните стратешки цели, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека Мицкоски не смогна сили ниту да аплаудира во Собранието при ратификацијата на членството во НАТО.

-Времето покажа дека политиките на ВМРО-ДПМНЕ да ги блокира одлуките во Собранието, Референдумот и Договорот од Преспа беа погрешни и на штета на државата.За жал, воената агресија врз Украина, покажа колку е важно што Република Северна Македонија е членка на НАТО. Благодарение на тој успех, граѓаните можат да бидат спокојни, бидејќи НАТО значи безбедност и сигурност, велат од владејачката партија.