Македонскиот борач Владимир Егоров е нов европски шампион!

од Nikola Popovski
529 прегледи

Македонскиот борач со руско потекло, Владимир Егоров го освои златниот медал на Европското првенство во борење во Будимпешта. Тој во големото финале во категоријата до 57 килограми слободен стил славеше против Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6.

Егоров со ова го подобри пласманот од ЕП во Букурешт во 2019 година, кога го освои бронзениот медал, но за жал не успеа да се квалификува за минатогодишната Олимпијада во Токио.

Претходно, тој издвојува две победи. Против Никлас Штехеле од Германија во четвртфиналето беше подобар со 5-4, а во полуфиналето со 10-0 против Манвел Хнџрстјан.

Европското првенство во борење оваа година се одржува во Будимпешта,Унгарија од 28. март со 03. април.