472
И покрај добрата игра на нашите најдобри фудбалери, Португалија води со 2-0, со вториот гол на Бруно Фернандеш.
Португалците со спорадични напади и не претставуваа голема опасност по голот на Димитриевски, но по една грешка на Барди во 65. минута на противничката половина, домаќините знаеја брзо со ефектна контра да нѐ казнат.
Со ова се намалуваат нашите шанси за пласман на СП во Катар, иако имаме уште 20-тина минута надеж дека можеме да сториме нешто повеќе.