Кузеска: Од успешниот попис имаме бројни придобивки за економски и развојни политики

од Берта Китинска
209 прегледи

По речиси 20 години, државата спроведе успешен попис во согласност со светските пракси и стандардите на Евростат, посочи на денешната прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа нагласи дека пописот бил поздравен и од Европската комисија и од сите, како што рече, релевантни фактори.

-Владата, институциите, компаниите, добиваат точни, релевантни податоци на кои ќе се базираат идните мерки и политики.Пописот дава увид колкава е потребата од стручен кадар за деца во градинките, увид на структурата на образованието на населението, по што би можеле да креираме политики за усогласување на потребите на пазарот на трудот.Со податоците од новиот попис ќе имаме увид во степенот на развиеност на планските региони.Врз основа на овој акт Владата ги распределува буџетските средства за финансирање на проекти од Програмата за рамномерен регионален развој, чија цел е намалување на развојните разлики меѓу планските региони и меѓу општините.Домашните и странски инвеститори ќе добијат појасна слика за распределбата на квалификувана работна сила со што ќе им се помогне во планирањето на идни инвестиции.Пописот е статистичка операција, важна за државата и идниот развој и не треба да се политизира, кажа Кузеска.

Слични содржини