Премиерот Димитар Ковачевски упати честитки за новиот европски шампион во борење во слободен стил, Владимир Егоров.
Ковачевски од негово име и од името на сите граѓани му посака многу големи успеси во иднина, уште многу златни медали и освоени врвови.
Егоров го освои златниот медал на Европското првенство во борење во Будимпешта. Тој во големото финале во категоријата до 57 килограми слободен стил славеше против Алиабас Рзазаде од Азербејџан со 8-6.
Егоров со ова го подобри пласманот од ЕП во Букурешт во 2019 година, кога го освои бронзениот медал, но за жал не успеа да се квалификува за минатогодишната Олимпијада во Токио.