359
Собранието на фудбалскиот клуб Барселона го потврди договорот со компанијата Spotify, најголемиот во историјата, кој ќе трае најмалку 12 години.
Поради деловната политика на стриминг компанијата не беше објавена вредноста на договорот, а шпанските медиуми наведуваат дека се работи за сума од над 400 милиони евра.
Стадионот на каталонскиот клуб ќе се преименува во „Спотифај Камп Ноу“, а името на компанијата ќе се најде и на дресовите на машкиот и женскиот клуб во текот на четири години, почнувајќи од сезоната 2022/23.
Да потсетиме, Барселона летово имаше големи финансиски потешкотии, поради што клубот го напушти и Лионел Меси.