Кина се претставува како неутрална страна во војната во Украина, но нејзините медиуми испраќаат поинаква порака во извештаите до домашната јавност, пишува „Ал Џезира“.
Државната агенција „Ксинхуа“ ја нарекува војната „специјална операција“ и „руско-украинска криза“ и никогаш не ја нарекува „инвазија“.
Државната телевизија CCTV спомна цивилни жртви едвај три недели по почетокот на војната.
Државните медиуми ги следеа руските теории на заговор дека САД развиваат биолошко оружје во Украина, вклучително и птици кои можат да донесат вируси во Русија, додаваат од медиумот.