СДСМ: Само со мерката за намалување на ДДВ, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари.

од Берта Китинска
179 прегледи

Владата предводена од СДСМ во услови на најголемата криза, презеде навремени и ефикасни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните од ценовни шокови и помош на компаниите.Со ефикасната реализација на сетот антикризни мерки вредни 400 милиони евра, го штитиме стандардот на граѓаните и им помагаме на фирмите да ја сочуваат ликвидноста и да ги задржат вработените, велат од владејачката партија.

Оттаму посочуваат дека само со мерката за намалување на ДДВ за основните прехранбени производи од 5% на 0%, граѓаните заштедуваат во просек по 1.500 денари.

-Најголем ефект има мерката за електрична енергија. Доколку Владата не ја субвеционираше струјата, сметките за струја на граѓаните би биле околу 2.150 денари повисоки на месечно ниво.Домаќинствата во просек имаат заштеда од 300 месечно со мерката за намалување на стапката на ДДВ од 18% на 10% за енергенсите, односно за акцизата.Владата предводена од СДСМ секој расположлив денар од буџетот го наменува за поддршка на граѓаните и компаниите, посочуваат од СДСМ.