334
На денот на здравјето, 7 април матичните лекари од земјава утре повторно ќе одржат мирен протест пред Министерството за здравство.
-Владата не исполни ниту едно наше барање. Економскиот совет на Владата да си најде пари за покачување на капитациониот бод на матичните лекари, за да може да ги задржиме младите лекари и да ги исплатиме соодветно медицинските сестри, вели Лидија Чолакова-Дервишова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.
Ова е третпат како тие ќе го изразат своето незадоволство, бидејќи како што велат здравствените власти немаат слух за нивните барања.