СДСМ за Мицкоски: За протекционизам вечерва зборуваше човек кој стана асистент кај неговиот татко

од Nikola Popovski
173 прегледи

Вечерашното обраќање па и самиот настан на УМС покажа уште еднаш дека се е исто во ВМРО-ДПМНЕ и нема никаква промена. Христијан Мицкоски е ист како Никола Груевски, обвинија вечерва од владеачката СДСМ.

Според партијата од „Бихаќка“, за протекционизам вечерва зборуваше човек кој стана асистент кај неговиот татко, за партизација на општеството зборуваше претседател на партија чии градоначалници не чекаа ниту 100 дена за да ги наполна општините со партиски кадри.

-Полна е устата на Мицкоски за животен стандард ама испушти да каже дека неговите пратеници во Собранието го блокираат секој закон кој значи денар повеќе во семејните буџети. Врвот на лицемерието на Мицкоски е наводната загриженост од резултатите од пописот, попис кој токму неговата партија заедно со нивниот коалициски партнер Левица правеа се за тој да не успее, повикуваа на бојкот на штета на граѓаните и државата, соопштија од СДСМ.