Реал забележа одличен резултат во Лондон. Првото име е Карим Бензема, а тренерот на тимот од Мадрид, Карло Анчелоти пред натпреварот раскажа интересна приказна.
„Бензема не можеше да ја најде пропусницата за да влезе на стадионот. Му реков да биде брз, инаку нема да игра. За среќа, тој нашол пропусници благодарение на масерот. И како да го опишам Бензема? Јас сум без зборови. Да речеме Карим Велики“, изјави Анчелоти.
Потоа зборуваше и за самиот натпревар.
„Ја контролиравме играта, бевме опасни од контранапад. Беше добра вечер, но само половина од работата е завршена. Покажавме добра организација, наоѓавме простор меѓу редовите. Имаме предност, но реваншот ќе биде поинаков натпревар. На крајот на краиштата, тие се победници на Лигата на шампионите“, изјави Италијанецот.