Албанија ќе побара од Европската унија (ЕУ) да го продолжи процесот за пристапување во Унијата одвоено од соседна Северна Македонија, која се уште се соочува со бугарско вето, изјавил денеска албанскиот премиер Еди Рама.
Говорејќи во Тирана, Рама рекол дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го укине ветото и дека Албанија повеќе не може да чека двата соседа да го решат спорот.
Рама нагласил дека Албанија има добри односи со двете земји, но дека резултатите од тамошна анкета со повеќе од половина милион испитаници покажале дека 67 отсто од граѓаните сакаат патот на членството на двете земји да биде разделен, пренесува РСЕ.
Нашата земја со децении се соочуваше со слично вето од Грција, а на крајот го променивме името во Северна Македонија во 2018 година за да го продолжиме својот пат кон ЕУ.