МВР со вежба за справување во вонредна ситуација – ќе бидат користени сирени, времено затварање на крстосницата кај Амбасадата на САД

од Берта Китинска
206 прегледи

Припадниците на Министерството за внатрешни работи утре ќе изведат заедничка вежба за справување во вонредна ситуација со персоналот од Амбасадата на САД во Скопје.

Вежбата ќе се изведува во Амбасадата на САД. Од МВР соопштија дека како дел од сценариото за вежбата ќе бидат користени сирени за тревога, кои ќе можат да ги чујат и граѓаните на Скопје.

Поради реализацијата на вежбата, ќе има и времено затварање на крстосницата во близина на Амбасадата, при што е возможен кус застој на сообраќајот.

-Целта на заедничката вежба е поефикасна координација меѓу МВР и Амбасадата на САД при преземање активности за справување со кризни ситуации, се наведува во соопштението на МВР.