СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да не го политизира штрајкот на СОНК

од Маја Анчевска
251 прегледи

ВМРО-ДПМНЕ да не го политизира штрајкот на СОНК. До решение може да се дојде само преку социјален дијалог на репрезентативните синдикати и надлежните институции, соопштуваат од СДСМ.

Според СДСМ како што се наведува во соопштението ВМРО-ДПМНЕ е последната партија која може да зборува за плати.

– Во време на режмот на ВМРО-ДПМНЕ владееше споменичко лудило, а работниците се сметаа за евтина работна сила, наставниците беа понижени и под постојан притисок, додаваат тие.

Во изминатите неколку години СДСМ  соопштува дека успеале значително да ги покачат платите, со што покажале грижа и дека го вреднуваат трудот на работниците, на воспитувачите, наставниците.

– Во образованието со методолошки пристап, во изминатите 3 години во три наврати СДСМ ги зголеми личните приходи на наставниците за над 21%. Од 2016 година платата на вработените во градинките се зголеми за повеќе од 16% што во просек значи покачување од 4.300 за негувателки до 5.700 денари за воспитувачките, додава СДСМ.

Според нив тие  знаат да го ценат и вреднуваат трудот на работниците, а  потврда за тоа е и последната одлука за ново зголемување на минималната плата на 18.000 денари.

– Заштитата на стандардот и интегритетот на наставниот кадар е врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ, токму овој дијалог очекуваме да биде стартната позиција врз основа на која ќе се унапредува статусот на вработените во воспитно-образовниот систем, стои во сооптението на СДСМ.

Слични содржини