Штрајкувачите се во просториите за штрајк, и ги не ги извршуваат работните задачи. Нема да седат 8 часа затворени во просторија, туку онолку колку што е работниот ден. Училиштата добро функционираат по основа на штрајк, проблеми има во дел од детските градинки, се бара од директорите да бидат прифатени децата кои доаѓаат, вели во „Студио 10“, Јаким Неделков, претседател на СОНК .
Тој напомена дека градинките смеат да примаат деца и дека синдикатот не ги има затворано установите и задача на директорот е да си го планира и реализира работењето на организацијата.
-Реагираме на лошиот закон кој треба да се смени, невозможно е во вакви услови да се примаат други работници, кои би се грижеле за децата во градинките и училиштата. Директорите во вакви услови треба да излезат и да им објаснат на родителите кој ќе се грижи на нивните деца, кажа Неделков.