Јаким Неделков, Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК посочи дека денеска , на првиот ден од штрајкот, масовно се штрајкувало во сите воспитно-образовни установи ширум земјава, но оти вработените во одредени установи се соочиле и со притисоци.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека членови на синдикатот вработени во градинките пријавиле оти им бил вршен притисок да го прекинат штрајкот. Тој најави дека ќе поднесат и кривични пријави онаму каде што имало сериозни притисоци.
Освен овој проблем, за кој претседателот на СОНК смета оти нема да ги поколеба штрајкувачите, истакна оти постои уште еден проблем, а тоа е времето на штрајкување на дневна основа.
„Имаме и проблем во однос на работното време на штрајкување. Се толкуваат разно-разни закони, особено законот за работни осноси каде што се предвидени 40 часа работно време неделно или осумчасовно работно време дневно. Меѓутоа, ова се посебни дејности каде што не се обврзни колегите и колешките да бидат на работа осум часа и од таа причина сметам дека во најмала рака треба договорот помеѓу директорите на установите и градоначалниците да биде да се штајкува онолку колку што биле и смените во училиштата“, истакна Неделков.