Лазороски: Наставниците добиваат речиси социјална плата

од Nikola Popovski
152 прегледи

Ние сме за тие деца таму. Две работи нѐ мотивираат во образованието: љубовта за работа со деца и нивна едукација и платата. Од едната страна сакаме да ја вратиме љубовта на децата кон книгата, ги учиме и воспитуваме децата, а од друга страна добиваме социјална плата. Ако е поента сите да сме на социјала, тогаш не сакаме да работиме. Ни Тито не успеа тоа да го направи, сите да работат на социјала, сите да земаме иста плата, вели професорот и член на СОНК Карпош, Витомир Лазороски за денешниот штрајк на СОНК.

Според него, професијата наставник има соодветен дигнитет.

-Никогаш не сме имале големи плати, ама да одиме под минимална плата и да не си ги трошоците, за нас тоа е уназадување и тоа не држи на штрајк, вели професорот Лазороски во емисијата „Топ тема“.

Слични содржини