Рама од Берлин: Албанија повеќе не може да чека да се реши македонско-бугарскиот спор

од Nikola Popovski
220 прегледи

Албанија сака да биде одвоена од Северна Македонија на патот за преговори за членство во ЕУ. Ова пред неколку дена го изјави премиерот на Албанија Еди Рама и го повтори денеска при посетата на Берлин, каде се сретна со германскиот канцелар, Олаф Шолц.

„Албанија повеќе не може да чека соседите на Северна Македонија да ги решат споровите со неа. Нашиот курс радикално се менува“, рече тој.

Бугарија стави вето на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, што и наштети на Албанија на евроинтеграцискиот пат.

Според Рама, во Брисел гласале за почеток на преговорите бидејќи знаеле дека Бугарија ќе ги попречи и дека навистина нема да мора да ги започнуваат.

„До јуни ќе продолжиме да бидеме на линија со Северна Македонија, кога сметаме двете земји треба да добијат зелено светло. Ако Бугарија го блокира патот во јуни, ќе бараме да не разделат затоа што е невозможно долго да се соочуваме“, изјавил Рама на заедничката прес – конференција во Берлин.

Слични содржини