Фердинанд: Само еден играч се разви во Јунајтед во последните 10 години

од Vladimir Zorba
230 прегледи

РИО ФЕРДИНАНД, пензиониран англиски фудбалер и поранешен дефанзивец на Манчестер Јунајтед, во емисија на својот канал на Јутјуб го критикуваше својот поранешен клуб. Тој смета дека е неопходно да се развие вистинската култура во клубот за да се биде успешен на теренот. Тој е на мислење дека лошите резултати на Јунајтед произлегуваат од лошата трансфер политика.

Верува дека Бруно Фернандеш е единствениот играч кој дошол во клубот од Манчестер во последната деценија и потоа напредувал.

„Дали ги гледате играчите кои дојдоа во Јунајтед во последните осум или десет години, кои всушност станаа подобри и чија вредност се зголеми?“, праша Фердинанд.

„Можете да купите три или четири играчи во еден преоден рок. Но, ако продолжат да работат на ист начин, квалитетот на тие играчи ќе падне наместо да се подобруваат индивидуално и да го подобрат тимот. Тоа треба да се промени“, смета Фердинанд.

Слични содржини