Полициски службеници од СВР Скопје го уапсиле 18-годишниот Е.П. од Скопје, кој е осомничен за „тешка кражба“ во куќата на 55-годишниот И.А.
Во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 236 од Кривичниот законик.