Пендаровски пречекан со највисоки почести во Црна Гора (ВИДЕО)

од Берта Китинска
213 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, со највисоки државни и воени почести претпладнево беше пречекан во Подгорица од црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, со што ја започна својата дводневна официјална посета на Црна Гора.

-Билатералните релации со Црна Гора се пресликуваат и во добрата соработка низ регионалните процеси. Споделуваме интерес за ЕУ интеграцијата, геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина, напиша Пендаровски на Фејсбук.

Денеска двајцата претседатели ќе одржат тет-а-тет средба, по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на Република Северна Македонија и Црна Гора и заедничка прес-конференција на Пендаровски и Ѓукановиќ.