Пендаровски: Логично е Рама да бара одвојување од С.Македонија за преговорите за влез во ЕУ

од Берта Китинска
161 прегледи

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Цетиње ја оцени како логична изјавата на премиерот на Албанија, Еди Рама, дека ќе побара од Брисел да не дозволи официјална Тирана и Скопје да преговараат во пакетот за приклучување на двете земји кон Европска унија.

„ Од аспект на албанските национални интереси таа изјава на Рама е логична. Ние сме третирани во пакет од страна на Брисел заедно со Албанија во изминативе скоро 2,5 години и не навлегувајќи во резоните на бриселската бирократска и политичка заедница зошто е тоа така, бидејќи во суштина процесот на европски интеграции е мерит бејсд процес – кој заслужува индивидуално оди понатаму кој не останува во чекална, значи не навлегувајќи во тој сет на мотиви зошто тоа го направија пред неколку години логично е ако ние и понатаму продолжиме да бидеме блокирани од страна на Бугарија дека другите земји кандидати нема да сакаат својата судбина, својот пат кон европските интеграции да ги врзуваат со кој било друг, вклучително и со нас“, кажа Пендаровски.