С. Македонија е членка на НАТО и нема проценка дека Србија е безбедносна закана за неа, изјави денеска во Цетиње македонскиот претседател Стево Пендаровски, додека неговиот домаќин, црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ изрази загриженост за вооружувањето на Србија.
„Србија не е челнка на НАТО и има автономна волја од каде сака да се вооружува.Немаме проценка дека Србија е безбедносна закана за нас“, рече Пандеровски на заедничката прес-конференција со Ѓукановиќ.
За вооружувањето на Србија, Ѓукановиќ рече дека тоа е секогаш загрижувачко и, како што наведе, го зајакнува чувството за загрозување на безбедноста во Европа.