Бугарскиот европратеник и копретседател на ВМРО-БНД Ангел Џамбаски повика на итна оставка на министерката за надворешни работи Генчовска доколку вети влез на Македонија во ЕУ.
Причина за ова било соопштението за медиумите на министерката за надворешни работи на Германија, во кое се тврди дека бугарската министерка Теодора Генчовска многу брзо и без никакви услови ја презела обврската да даде зелено светло за почеток на преговори на РС Македонија за членството во ЕУ.
„Ако е вистина ова е неприфатливо и единствениот потег на шефот на бугарската дипломатија е оставка“, нагласил Џамбаски.
„Затоа што ако таквата согласност и таков разговор, ако ги води министерката за надворешни работи Генчовска, ќе значи национално предавство. Тоа ќе значи дека се оправдани нашите основани сомневања дека владата е формирана исклучиво со цел национално предавство. Ова ќе значи, драги соборци, дека бугарската Влада ја следи оваа линија на предавство, за што ве предупредуваме неколку пати, поточно околу 24 мај во Рим, денот на кој се почитува споменот на Светите браќа Кирил и Методиј, пред гробот каде почиваат моштите на свети Кирил, за заеднички да ја одбележат годишнината од делегациите на Република Бугарија и Република Северна Македонија, да дадат изјава и да го направат првиот чекор кон предавството“, потенцирал Џамбаски.
Во своето обраќање тој ја нагласи „итната потреба од одговор од министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска, која е од ИТН – партијата која се заколнува дека ќе ја напушти владејачката коалиција доколку дојде до компромис со бугарската позиција. Ова ле ицемерие. Дали е уште една игра на владејачката партија?“, изјавил Џамбаски во видео објавено на Фејсбук.