СОНК доби покана од МОН, преговорите продолжуваат

од Берта Китинска
306 прегледи

СОНК доби покана за продолжување на преговорите во 15 часот во просториите на МОН, напиша на Фејсбук претседателот на Синдикатот, Јаким Неделков.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска истакна дека е подготвен сум да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближат до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК.

Денеска е трет ден од штрајкот на вработените во образованието. СОНК не отстапува платите на вработените во дејностите образование и детска заштита веднаш да бидат зголемени 18,4 отсто во согласност со порастот на минималната плата, која од овој месец е 18.000 денари и, дополнително, таа да биде основица со која ќе се множат коефициентите на сложеност на работните места.

Слични содржини