Синдикатот СОНК и Владата не постигнаа договор за прекин на штрајкот.
За жал немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи и во наредните денови од причина што немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во висина од некој процент. Повеќе се движеше разговорот, преговорите во делот на продолжување на наставата, кога ќе продолжи, како ќе се надополнат часовите. Ние имаме став дека може и поинаку да заврши учебната година, дека не мора да се продолжува годината и дека ќе може да се надокнадат тие изгубени часови во текот на оваа година, изјави Неделков по средебата со министерот за образование Јетон Шаќири.
Во гостувањето во Сител Неделков нагласи дека не разговарале за црвена линија меѓутоа тоа не значи, подвлече, дека под 18,4 проценти нема ништо да прифатиме.
– Колку ќе прифатиме, многу зависи од тоа колку ќе ни понудат. Ако биде симболично понудување, тоа членството ќе го препознае и ќе сфати дека тоа е несериозен предлог, рече меѓу другото претседателот на СОНК.
Според него, сега се наоѓаат во ситуација кога и двете страни засега се согласуваат во две работи.
– Прво е што платите во дејноста образование треба и ќе се зголемат. Втората работа е што и Владата и ние, посебно Министерството за образование и верувам и Министерството за труд, сака што побрзо да се прекине штрајкот. Тоа ни е заедничко, изјави Неделков.