Полицијата „ловеше“ и пешаци – напишани 174 казни

од Берта Китинска
426 прегледи

Во текот на вчерашниот ден (13.04.2022) во периодот од 11.00 до 16.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 174 пешаци од кои, 144 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, осум за минување на црвено светло… Од нив 32 на територија на СВР Битола, 27 на територија на СВР Тетово…, велат од МВР.

Оттаму информираат дека за време на контролата регистрирани се и 114 останати прекршоци, појаснуваќи дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови.

Од МВР апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

-Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Слични содржини