144
Барањето на СОНК е легитимно, и покачување на платите ќе има, Тоа е заложба на Владата,вели министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
-Социјалниот дијалог со СОНК ќе продолжи. Но, приоритет за мене како министер се учениците и нивното враќање во училишните клупи, за да немаат повеќе дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат, кажа Шаќири.
Министерот истакна дека денеска по прес-конференцијата ќе испрати писмо до СОНК и ќе побара од нив да дозволат да се вратат учениците на настава.
-Апелирам до СОНК да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година. Тоа е наша законска, морална и етичка обврска, кажа Шаќири.