ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со денови молчат за тоа што нивниот почесен претседател и шеф и криминалец во бегство Никола Груевски се најде на Црната листа на САД, велат од СДСМ.
Од партијата посочуваат дека од ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да се извинат, да побараат одговорност, а камоли да понудат оставки.
-Новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија.Дали сомнителниот молк на Мицкоски е токму поради оваа фирма на Груевски?Мицкоски да излезе пред граѓаните и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека се наоѓа во близина на Будимпешта?Дали стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па со молчење го брани својот шеф?, прашуваат од СДСМ.