Заев од Атина: Јас и Ципрас постигнавме мир, испративме силен сигнал во светот

од Nikola Popovski
240 прегледи

Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва се обрати на третиот Конгрес СИРИЗА. Тој изјави дека ја разбира Сириза како политичка партија која промовира повеќедимензионална политика на независност и пријателска соработка, мирен дијалог заснован на меѓународното право и решавање на проблемите за доброто на луѓето и земјите во регионот.

-Денеска сум овде, на покана на претседателот на СИРИЗА, мојот драг пријател Алексис Ципрас, со кого споделуваме многу. Јас и Алексис, бевме решени да направиме огромен заеднички чекор кој ќе работи за иднината на нашите земји, нашите граѓани, целиот регион и Европа. На крајот, бевме решени да ги жртвуваме нашите политички кариери во име на иднината на пријателството, мирот и стабилноста, кажа Заев во својот говор пред присутните.

Според него, неодамнешниот пресврт на настаните во Украина предизвикан од руската агресија покрена силни ризици, загрижености и стравови.

-Единственото решение е мирот. Итен дијалог наместо насилство. Затоа, целосно ги поддржувам независноста и територијалниот интегритет на Украина и изразувам сочувство со украинското раководство и со семејствата на жртвите. Потребен е итен мир со итно дипломатско решение кое ќе ги почитува принципите на меѓународното право, насочено да ги брани заедничките вредности, човековите права и заштитата на основните слободи, кажа Заев.

За поранешниот премиер, Преспанскиот договор има влијание многу подалеку од регионот.

-Нашиот мировен договор испрати силен сигнал до светот. Не може да постои само принцип на посилниот. Во денешниот свет сè уште постои патот на почитта и компромисот, патот на меѓусебното разбирање, патот на мирот и стабилноста.

Затоа Алексис и јас избравме да направиме се што можеме за да најдеме решение без одложување. Дозволете да ве прашам, кој е доблесен? Оној кој едноставно го пролонгира проблемот или тој што прифаќа да го најде решението? Дојдовме до решение кога сите тврдеа дека е невозможно!

Последно, но не и најмалку важно, преку исполнувањето на нашите заложби, наследството од нашето пријателство ќе се одржува и понатаму ќе се развива, бидејќи отворено разговаравме за сите прашања дури и кога се чинеше дека нема решение.

Кои се предизвиците доколку не се и шанса за решенија! Доколку не ги гледате како можности за креативни решенија, како чекори кон остварување на нашата визија. Тоа е начинот на кој работат пријателите. Фокусирани на решенија. Градење мостови, а не ѕидови.

И ние треба да преземеме активности според нашите идеи. Имаме добри шанси. Ја предизвикувам тезата дека Европа е или ќе биде предводена од екстремната десница. Има многу земји како Грција и Северна Македонија кои го покажаа спротивното, потенцира Заев во своето обраќање од Атина.

 

Слични содржини